Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ не дозволува укинување на роамингот со Балканот

ЕУ не дозволува укинување на роамингот со Балканот
Ништо од најавите за укинување на роамингот во балканските земји. Европскиот парламент денеска и официјално ја потврди одлуката со која од 15 декември 2015 година целосно ќе се укине роамингот на територијата на земјите-членки на ЕУ. Така, разговорите, СМС пораките и преносот на податоци ќе има исти цени за корисниците од целата Европска унија, без разлика каде во ЕУ се наоѓаат во тој момент. Иако Македонија, Србија и Црна Гора официјално се обратија до Брисел со барање ваквата мерка да се прошири и на балканските земји-кандидатки за членство во ЕУ, сепак од Европската комисија добиле одговор дека засега ова не е можно. „Надлежните министри од овие три земји уште во јули 2013 година потпишаа заедничко писмо и го испратија до Европската комисија, но, за жал, добивме одговор дека во моментот не е возможно оваа регулатива да се прошири на нашиот регион, односно дека таа е применлива само во државите-членки на ЕУ“, откри државниот секретар во српското Министерство за трговија и телекомуникации Стефан Лазаревиќ. И македонските власти полагаа големи надежи дека ваквата мерка наскоро ќе може да важи и за граѓаните на Македонија, што неколкупати досега го најавуваше и првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации. Земјите-членки на ЕУ одлучија меѓусебно да го укинат роамингот откако утврдија дека цените што ги наплаќаат телефонските компании за дојдовни и појдовни повици од една до друга земја-членка на ЕУ се повеќепати неоправдано зголемени.
Слично

Поврзани вести