ЕУ не дава пари за Кипар поради блискоста со Русија?!?
Рускиот претседател Владимир Путин во Брисел побара од членките на Европската унија да донесат одлука за спасување на Кипар иако има блиски економски односи на таа земја со Москва.
„Кипар е членка на ЕУ.Ние не треба да се мешаме, но би можело да дојде до ситуација во која Москва би можела да игра улога, посебно ако се земе предвид силината на нејзината економија,“ изјави Путин.
Русија минатата година на Кипар му одобри заем од 2,5 милијарди евра, но Никозија во јуни побара дополнителни пет милијарди евра, во исто време кога побара помош и од Брисел. Кипар, според извештаите бара 17,5 милијарди евра, од кои 10 милијарди евра за банките, шест милијарди евра за отплата на доспеаниот државен долг и 1,5 милијарди евра за јавни финансии.
Одлуката на ЕУ за барањето на Кипар за помош Кипар се очекува во јануари.