ЕУ најверојатно ќе ги продолжи санкциите кон Русија!
Санкциите на ЕУ против Русија, кои истекуваат на 31 јануари 2016 година, ќе бидат продолжени со дискусија или без неа, рекол за руската агенција ТАС извор близок до Советот на ЕУ.
„Советот на ЕУ ги поврза рестриктивните мерки со спроведувањето на Спогодбата од Минск. За тоа нема да се дискутира бидејќи тоа засега е политичка цел. Спогодбата од Минск до денес не е спроведена и затоа санкциите ќе бидат спроведени“, рекол неименуван дипломат.
Истиот извор истакнува дека конечната одлука ќе дојде од Советот на ЕУ, иако се може да биде направено и на друг начин.
„Во моментот, работата продолжува на ниво на работни групи. Никој не брза, бидејќи санкциите истекуваат кон крајот на јануари“, напоменува изворот.
Истиот извор додава дека прашањето на санкциите за Русија не е на дневен ред на Советот на ЕУ на 14 декември во Брисел.
