Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ се заканува на САД: Укинете ги визите за Бугарите или ние ќе ви воведеме визи за дипломатите!

ЕУ се заканува на САД: Укинете ги визите за Бугарите или ние ќе ви воведеме визи за дипломатите!
Европската унија побара од САД во рок од шест месеци да го укинат визниот режим за државјаните на Полска, Романија, Бугарија, Хрватска и Кипар. „Доколку тој проблем не се реши за шест месеци, ЕУ може да воведе визи за американските дипломати“, предупреди Комисијата. Граѓаните на повеќето земји-членки на ЕУ патуваат без визи во многу земји надвор од Унијата, но на жителите на новите европски членки се уште им требаат визи за САД, Канада и Австралија. Комисијата слично предупредување му испрати на Вашингтон и во 2008 година, кога 12 земји-членки на ЕУ се уште имаа визен режим за патување во САД. Во меѓувреме, визите беа укинати за осум земји - Чешка, Естонија, Грција, Литванија, Летонија, Унгарија, Малта и за Словачка, а на листата останаа Полска, Романија, Бугарија, Кипар и Хрватска која тукушто стана членка на Унијата. Дипломатите од овие пет земји и билатерално преговараат со САД за да се реши овој проблем. Информациите за укинување на визниот режим на САД кон овие земји ги засегаат и Македонците кои поседуваат бугарски, хрватски, полски, романски или кипарски пасош.
Слично

Поврзани вести