ЕУ може да ги замрзне банкарските плаќања
Регулаторните органи во Европската унија ќе можат да ги принудуваат банките да ги замрзнуваат плаќањата кон повеќето кредитори за максимум 5 дена, ако има ризик од банкарски банкрот, пренесува Reuters.
Тоа го предвидува предлог разработен од Европската комисија. Со ова им се дозволува на регулаторите ново овластување за рана интервенција со цел спречување на кризи.
Според правилата за спасување, кои влегоа во сила оваа година, националните и европските регулаторни власти веќе можат да бараат од банките да престанат со плаќања, откако е оценето дека постои ризик да банкротираат.
Предлогот кој се очекува да биде објавен од Европската комисија следната недела, им дава на регулаторните органи дополнително овластување да интервенираат превентивно, за да направат проценка дали постои опасност од банкрот.
