ЕУ: Македонија да го почитува принципот на невиност
Портпаролката на ЕУ Маја Коцијанчиќ ги повика властите во Македонија да ја почитуваат претпоставката на невиност во случај на лицата уапсени поради подготовка на пресврт.
Коцијанчиќ наведува дека македонскиот министер за надворешни работи по телефон ја известил Комисијата за апсењето на четирите лица, вклучувајќи го и лидерот на опозицијата Зоран Заев, под обвинение дека за сметка на странски служби подготовувал државен удар.
„Тоа се многу сериозни обвинувања“, навела портпаролката во соопштението за медиумите и истакнала дека ЕУ очекува независна и транспарентна истрага во согласност со европските стандарди, вклучувајќи го правото на обвинетите на одбрана и пресумпција на невиност.
Коцијанчиќ освен тоа изразила загриженост поради влошувањето на политичкиот дијалог во Македонија и ги повика сите партии да се воздржат од потег кој би можел додатно да ја влоши состојбата.
Српските медиуми наведуваат дека од македонското министерство за внатрешни работи известиле дека е спречен обид на загрозување на уставниот поредок и недемократско превземање на власта.
