Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ „крои“ црна даночна листа: Кои 20 земји се на удар?

ЕУ „крои“ црна даночна листа: Кои 20 земји се на удар?

Европската унија планира да стави 20 земји на црната листа поради шемата за избегнување на плаќање данок.

Европскиот комесар за даночни прашања Пјер Московски рекол пред состанокот на министрите за финансии на ЕУ дека тие земји одбиле да соработуваат и да ја променат таквата пракса и покрај десетмесечниот дијалог.

Проблемот на неправедно плаќање данок повторно дојде во центарот на вниманието минатиот месец во аферата со „Рајските документи“, документи за затајување данок на високи претставници и фирми.

Државите со висока даночна стапка како Франција, бараат „црна листа“ и европска акција против даночните раеви, додека државите со ниска даночна стапка како Ирска и Холандија тврдат дека тоа би било штетно за конкурентноста во ЕУ.

Слично

Поврзани вести