Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ ќе забрани увоз на руски бакар и благородни метали?

ЕУ ќе забрани увоз на руски бакар и благородни метали?

Eвропската Унија(ЕУ) планира забрана за увоз на руски бакар и благородни метали. 

Тука станува збор и за платина, иридиум и родиум. Овој предлог е дел од 20. пакет санкции што Брисел планира да го усвои до крајот на февруари 2026 година, по повод двегодишнината од почетокот на војната во Украина, пренесува Блумберг, повикувајќи се на анонимни добро упатени извори.

Главна цел на овие мерки е рускиот гигант „Норникел“, најголемата рударска компанија во земјата, која досега успеа да избегне директни санкции од ЕУ поради својата критична улога на светскиот пазар.

Одлуката за забраната доаѓа во момент кога светските пазари на овие метали веќе се под силен притисок, а цените на бакарот достигнуваат рекордни нивоа поради големата побарувачка и ограниченото снабдување, додека на пазарот на платина се бележи дефицит.

Руските метали веќе се делумно потиснати од западните берзи, како што е Лондонската берза на метали, но и понатаму наоѓаат пат до европските индустриски потрошувачи.

Европската унија се надева дека со овој потег дополнително ќе ги исцрпи руските воени фондови, и покрај ризикот од натамошен раст на цените на суровините.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести