Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ ќе потпише земјоделски и економски договор со сојузот на јужноамериканските земји Меркосур?

ЕУ ќе потпише земјоделски и економски договор со сојузот на јужноамериканските земји Меркосур?

Земјите-членки на Европската Унија(EУ) дадоа зелено светло за потпишување на земјоделски и економски договор со сојузот на јужноамериканските земји Меркосур.

Квалификувано мнозинство од земјите-членки денеска го поддржаа договорот од Меркосур, со што завршија повеќе од две децении тешки преговори меѓу Европската комисија и група латиноамерикански земји – Аргентина, Бразил, Парагвај и Уругвај – како и години внатрешна поделба во ЕУ. Франција, Полска, Австрија, Унгарија и Ирска гласаа против, додека Белгија се воздржа.

Договорот, кој претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, го потпиша во декември 2024 година, ќе создаде зона на слободна трговија со повеќе од 700 милиони луѓе. Европските компании ќе добијат пристап до пазар од 280 милиони потрошувачи во Латинска Америка, каде што веќе работат околу 30.000 компании од ЕУ.

Поддржувачите на договорот, предводени од Германија и Шпанија, долго време тврдат дека договорот ќе отвори пристап до нови пазари. Противниците на договорот, предводени од Франција, предупредија дека тој ќе ги изложи земјоделците од ЕУ на нелојална конкуренција од увозот на земјоделски производи од Латинска Америка.

Неколку земји-членки со години се спротивставуваа на договорот. Во 2019 година, Франција го предводеше спротивставувањето поради загриженост за животната средина и земјоделството.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да отпатува во Парагвај следната недела за да го потпише договорот.

foto azernews.az

Слично

Поврзани вести