Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ ќе го запре пристапот на Србија до пакетот од 1,6 милијарди евра?

ЕУ ќе го запре пристапот на Србија до пакетот од 1,6 милијарди евра?

Eвропската Унија(ЕУ) би можела да одбие Србија да има пристап до средства од пакетот од 1,6 милијарди евра.

Станува збор за заеми и грантови, откако Белград усвои закони што „ја поткопуваат довербата“ во неговата посветеност на владеењето на правото. Ова го најави комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, пренесоа српски медиуми.

„Тие измени ја еродираат довербата. Потешко е за оние во Брисел кои се подготвени да продолжат со Србија да го изнесат својот став“, рече Марта Кос .

Таа додаде дека ЕК го разгледува финансирањето за Србија во рамките на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, чија цел е хармонизирање на регионот со правилата на ЕУ и конечно воведување на земји како Србија во ЕУ.

„Тие (средства) содржат предуслови поврзани со владеењето на правото“, рече таа.

Србија започна официјални разговори за приклучување кон ЕУ во 2014 година.

Српското Министерство за правда објави дека новите закони ќе го направат судството поефикасно преку поедноставување на процесот на донесување одлуки. По негативните реакции, Србија побара мислење од Венецијанската комисија, панел на експерти за уставно право на Советот на Европа.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести