ЕУ ќе формира банка за водород
ЕУ ќе формира банка за развојот на водородот со капитализација од 3 милијарди евра, потврди претседателката на Европската Комисијата Урсула фон дер Лајен во говорот пред Европскиот парламент.
На овој извор на енергија Европската Унија гледа како на мошне перспективен и дека актуелниот мал пазар има потенцијал да премине во масовен. Јавната банка ќе треба да го гарантира купивањето на водородот како онбовлив извор на енергија.
-Треба да преминеме од мал пазар на масовен пазар (…) сакаме да произведуваме десет милиони тони обновлив водород во ЕУ секоја година до 2030 година, рече таа во Европскиот парламент во Стразбур.
Водородот треба да игра централна улога во овозможувањето на индустријата да произведува челик, цемент или хемиски и фармацевтски производи без да испушта CO2. Тешкиот транспорт (возови, бродови, патни комунални возила итн.) исто така, може да користи водород за да ги замени нивните фосилни горива.
