Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ ќе даде 293 милиони евра за затворање на блоковите во нуклеарката Козлодуј

ЕУ ќе даде 293 милиони евра за затворање на блоковите во нуклеарката Козлодуј
Советот на Европската унија одобри 293 милиони евра за активностите поврзани со затворањето на блоковите 1-4 во нуклеарната централа "Козлодуј " во следниот програмски период 2014-2020 година. Средствата се насочени кон демонтирањето на турбински и реактор сали , и придружните капацитети кон четирите наведени реактори во Козлодуј. Средствата ќе послужат исто така и за надзор, контрола и проценка на остварените дејности . Во приложените документи за одлуката се наведува дека затворањето на четирите реактори претставува долгорочен товар за бугарските граѓани со одраз врз енергетиката, општеството , животната средина и економијата. Трошењето на средствата ќе биде надгледувано од службата за борба против измами со средства од ЕУ - ОЛАФ и при утврдување на прекршувања ќе бидат надоместени средства и ќе бидат наметнати казни , соопшти bTV . Советот појаснува дека некои од направените трошоци ќе бидат покриени целосно од буџетот на ЕУ , но во вкупниот случај ќе биде зачуван принципот на заедничкото финансирање на активностите и со средства од националниот буџет. Секоја година ЕК ќе ги утврдува програмите за акција по затворањето на нуклеарните капацитети.
Слично

Поврзани вести