Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ: Ќе се бара спас за „Пржино“ во Виена

ЕУ: Ќе се бара спас за „Пржино“ во Виена

Европската унија в петок во Виена ќе се обиде да го спаси договорот од Пржино а нема да бара нов политички излез од кризата, порачаа денеска од Брисел.

Од оваа институција вчера испратија покани до четворицата лидери од еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан во петок да се сретнат во Австрија.

Меѓународната заедница денеска го соопшти ставот со кој бара да биде до крај имплеменриран Договорот од Пржино.

-Целта на средбата е да се разговара за начините да се реши кризата и да се осигура дека лидерите ќе продолжат со имплементација на Договорот од Пржино и реформските приоритети и да покажат волја земјата да се врати на евроатлантскиот пат, изјави Маја Коцијанчиќ, портпарол на ЕК

Засега ВМРО-ДПМНЕ го најавија учеството на средбата, а од опозицијата велат дека се во тек преговори за одење или не.

ДУИ прават напори да се најде решениа на кризата и пред петок и се уште не донеле одлука дали ќе одат на состанокот, но најверојатно нивни претставници ќе заминат во Виена, а  тоа се очекува и од ДПА.

Невладината ЦИВИЛ и бројни граѓански политичари, реагираа на оваа покана, барајќи дел од преговорите да бидат и граѓански организации и претставници а не само политичките лидери.

Слично

Поврзани вести