ЕУ ќе им даде 17 милиони евра на Србија и Македонија за бегалската криза
Европската унија е спремна на Турција да и одобри милијарда евра, а на Србија и Македонија 17 милиони евра за решавање на кризата со мигрантите, соопшти денес во Брисел Европската комисија и најави „зајакната дипломатска офанзива“ кризата да се решава и со третите земји, вклучувајќи ја конференцијата со државите од Западен Балкан во октомври.
Целта на таа конференција е да „се согледаат заедничките задачи поради отстранување на сегашните притисоци и враќање на стабилноста во управување на мигрантскиот пат преку Западен Балкан“.
ЕК непосредно пред заседанието на водачите на ЕУ предочи дека, после договорот за прераспределба на 160 000 бегалци во земјите на Унијата, сега клучни оперативни мерки се да со зголемени средства се обезбедат надворешните граници на ЕУ и таму да се постават пописни влезни точки на кои ќе биде утврдено кои се бегалци од војни и прогони, а кои мигранти од материјални причини на кои не може да им биде одобрен азил.
На сила ќе биде ставен Механизам за цивилна заштита за згрижување на барателите на азил, ЕУ сили за брза интеревнција ќе ги надгледуваат надворешните граници и ќе спречуваат масовно илегално влегување на мигрантите.
Хуманитарната помош на ЕУ за помош на бегалците ќе биде за 300 милиони евра зголемена следната година, а директната помош од милијарда евра е предвидена и за раселените и бегалците во самата Сирија и некои околни земји.
Исто така е одлучено да се воспостави итен почетен гарантен фонд од милијарди и 800 милиони евра за поддршка на економско и социјално оправување на афричките земји од кои масовно доаѓаат мигрантите.
За сите овие предлози и мерки денес треба да се изјаснат и лидерите на ЕУ.
