ЕУ ја укина царината за украински производи
Советот на Европската унија, кој претставува 27 земји-членки, одобри укинување на царините за увоз на стоки од Украина за една година, со цел да и помогне на економијата на таа земја поради руската окупација.
Мерката предложена од Европската комисија била одобрена од Европскиот парламент на 19 мај.
„Укинувањето на царините ќе ја олесни трговијата со Украина по (руската) агресија и ќе и помогне на нејзината економија“, изјави потпретседателот на ЕК Валдис Домбровскис.
Според европското извршно тело, трговската размена меѓу ЕУ и Украина минатата година достигнала 52 милијарди евра.
Според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Бруто домашниот производ на Украина се очекува да се намали за 35 отсто оваа година.
Слично
