Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ ја повика Унгарија да не им наплатува поскапо гориво на странците

ЕУ ја повика Унгарија да не им наплатува поскапо гориво на странците

Странските возачи во Унгарија во последно време мора да плаќаат многу повисока цена за гориво од унгарските граѓани, а според тамошните медиуми тоа е разлика од околу 40 проценти. Унгарската влада минатата есен донесе декрет за ограничување на цените на горивото за граѓаните да не го почувствуваат глобалниот пораст на цените на енергијата.

Европската комисија ја повика Унгарија да престане да наплаќа поинаку на бензинските пумпи на сопствениците на возила регистрирани во друга земја членка на ЕУ, додека не се направи темелна проверка дали мерката е во согласност со правото на ЕУ.

Портпаролката на Комисијата Соња Господинова потврди дека комесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон испратил писмо до унгарските власти во кое бара објаснување за мерката и дека треба да престане додека не се провери дали има дискриминација.

„Во тоа писмо, комесарот Бретон побара суспензија на примената на мерката додека не се види дали таа е во согласност со правото на ЕУ. Оваа мерка негативно се одразува на слободното движење на стоки, услуги и лица. Овој различен пристап (кон унгарските граѓани и кон оние на другите земји-членки) се чини дека е директна дискриминација, но потребни ни се дополнителни информации за да се утврди тоа“, рече Господинова.

Странските автомобили до неодамна можеа да полнат гориво по фиксна цена од 480 форинти (1,24 евра). Но, Владата одеднаш објави дека за странците ќе важи повисока пазарна цена.


Слично

Поврзани вести