Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ изрази жалење за инцидентите за време на протестот во Скопје

ЕУ изрази жалење за инцидентите за време на протестот во Скопје

Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчиќ изјави дека Комисијата жали затоа што полицајци и демонстранти беа повредени за време на антивладините протести синоќа во Скопје.

Коцијанчиќ исто така ги повика сите политички фактори во Македонија да помогнат во решавањето на политичката криза во земјата.

"ЕУ повторно нагласува силна загриженост во врска со ситуацијата во земјата, како што беше наведено неодамна во заклучоците на Советот за општи прашања. ЕУ жали за повредите настанати од демонстранти и членови на безбедносните сили на синоќешните демонстрации", изјави Коцијанчиќ .

"Комисијата потсетува на клучната важност за слободата на мирни протести и собири и слободата на изразување, како што се дефинирани во Европската конвенција за човекови права.

Тие треба да бидат основни вредности во една функционална демократија. ЕК потсетува исто така за потребата да се избегнува секаква несразмерна употреба на сила од владеење на правните органи ", истакна уште портпаролката на ЕК.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави денеска дека за време на протестите синоќа во главниот град биле повредени 38 полицајци, приведени се 30 демонстранти и се предизвикани големи материјални штети.

Протестите во Скопје избувнаа синоќа, откако лидерот на опозицијата Зоран Заев обелодени уште една серија аудио записи, во кои лица, за кои се претпоставува дека се премиерот Никола Груевски, шефот на разузнавањето Сашо Мијалков, министерката за внатрешни работи Јанкулоска и други официјални претставници, разговараат како да ја прикријат смртта на 22-годишниот Мартин Нешковски.

Младичот беше приврзаник на владејачката партија и ја слевеше изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на централниот плоштад во Скопје. Тој побарал да се качи на трибината, но бил одбиен и удрен смртоносно од Игор Спасов, полицаец од специјалните единици "Тигри", одговорни за безбедноста на премиерот. Спасов беше прогласен за виновен и осуден на 14 години затвор за смртта на Мартин.

Слично

Поврзани вести