Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ им дава пари на хрватските рибари за да се откажат од риболов

ЕУ им дава пари на хрватските рибари за да се откажат од риболов
Брисел во втората половина од годинава ќе им понуди можност на хрватските рибари да го напуштат риболовот со значителен паричен надомест за бродот и за риболовната дозвола. Со овој потег Европската унија настојува да ги намали националните риболовни флоти и да го зачува загрозениот рибен фонд. За дел од риболовците тоа е почеток на крајот на една традиција, но други заради се потешките и понеисплатливи услови за работа се заинтересирани за тоа како ќе се спроведува програмата. Првите конкурси за откуп на бродовите за риболов се очекува да бидат објавени кон крајот на годината, а до тогаш и јасно ќе се утврдат критериумите кој ќе може да аплицира. Сепак, драстично намалување на риболовната флота не може да се очекува, бидејќи средствата се ограничени. Но, и неколку бродови помалку можат да значат многу во Јадранското Море во кое рибниот фонд со години е загрозен заради претеран риболов.
Слично

Поврзани вести