Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ и Турција го потпишаа договорот за бегалците

ЕУ и Турција го потпишаа договорот за бегалците
Европските лидери го одобрија договорот со Турција за ограничување на миграциониот поток кон Стариот континент. Ова го изјави премиерот на Финска Јуха Сипиле, цитиран од AFP. Премиерот на Бугарија Бојко Борисов изјави дека е подобро да има договор со Турција, отколку да нема, соопштил новинар од „EurActiv“. Европската унија и Турција постигнаа договор за ограничување на миграцијата, соопштил и анонимен извор од Брисел, цитиран од ТАСС. ЕУ и Турција планираат договорот да стапи на сила од 20 март. Една точка од договорот е во јуни да биде отворено ново поглавје во преговорите за пристапување на Анкара кон Европската унија.
Слично

Поврзани вести