Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ и САД побараа итно запирање на насилството и политичките конфронтации

ЕУ и САД побараа итно запирање на насилството и политичките конфронтации
ЕУ и САД побара итно запирање на насилството во Македонија. Од делегацијата на Европската унија во Скопје изразија загриженост и разочараност од политичките судири во изминатите два дена, во и околу Парламентот и порачааа сите страни итно да ги прекинат сите агресивни и провокативни акции. Како што стои во нивното соопштение, додека мирното изразување на различните мислења е основа на силна и демократска нација, употребата на насилство од сите инволвирани страни го урива тој систем и и штети на можноста за одговорно владеење. Соопштение со слична содржина стигна и од американската амбасада во Скопје. Оттаму велат дека со загриженост и разочарување се следат политички водените конфликти во изминатите два дена и повикуваат на што поскоро запирање на било какви агресивни и провокативни акции.
„Мирното изразување на различните мислења и основата на секоја силна и демократска држава, а употребата на насилство од било која инволвирана страна го подрива тој систем и нанесува штета на неговата способност да владее одговорно. Соединетите Држави ги поттикнуваат лидерите на сите политички партии и нивните следбеници без одлагање да стават крај на овие конфронтации", велат од американската амбасада, осврнувајќи се на последните настани околу носењето на Буџетот на државата.
Слично

Поврзани вести