Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ И ПОРАЧА НА ТУРЦИЈА: Нема наскоро влез, преговорите запираат ако …

ЕУ И ПОРАЧА НА ТУРЦИЈА: Нема наскоро влез, преговорите запираат ако …

Турција не е во позиција да стане членка на ЕУ во скоро време, а сите преговори за придржување на таа змеја кон Унијата ќе запрат веднаш ако Анкара воведе смртна казна.

Тоа го изјави претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

„Верувам дека Турција, во ситуацијата во која се наоѓа во моментов, не е во позиција да стане членка на ЕУ наскоро, па дури и во долгорочен период“, рекол Јункер за француската телевизија Франс 2.

Турските власти денеска издадоа налози за апсење на 42 новинари, јави тамошната приватна телевизија, пренесе Ројтерс, наведувајќи дека ова е последен случај на пресметка после пропаднатиот воен пуч.

Турските власти суспендираа, притворуваа или покренаа истрага против повеќе од 60 000 војници, полицајци, судии, членови на наставнички персонал, државни службеници и други во деновите после неуспешниот воен удар изведен во Турција на 15 јули.

Слично

Поврзани вести