Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ и ММФ ја спасија Португалија од високите камати на долгот

ЕУ и ММФ ја спасија Португалија од високите камати на долгот

Со заедничка одлука на Европската унија преку нејзиниот фонд за помош на земјите членки во финансиска криза и Меѓународниот монетарен фонд, на Португалија која е една од најзадолжените во ЕУ, ќе и биде овозможено предвремено да се раздолжи со средства во висина од околу 9,4 милијарди евра

Со заедничката финансиска помош од ЕУ и ММФ, на Португалија ќе и се овозможи да заштеди исплати на многу високи каматни стапки. 

„Овие предвремени отплати ќе ги намалат трошоците за сервисирање на долгот во Португалија, ќе ја подобрат одржливоста на долгот и ќе испратат позитивен сигнал до пазарите на подобрените финансиски услови во Португалија", рече извршниот директор на EFSF, Клаус Реглинг. 

Португалија, која прекина да ја добива финансиската помош во 2014 година, сè уште има една од највисоките јавни долгови на еврозоната од околу 130 отсто од БДП, пренесува Ројтерс.

Слично

Поврзани вести