Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ и Канада по многу маки го потпишаа договорот за слободна трговија

ЕУ и Канада по многу маки го потпишаа договорот за слободна трговија

Европската унија и Канада денеска по мактрпни преговори и противења на Белгија конечно го потпишаа договор ЦЕТА за слободна трговија на пригодна церемонија во Брисел. Својот потпис го ставија претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, Роберт Фицо од Советот на Европа, претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер и Џастин Трудо, премиерот на Канада. 

Во декември се очекува документот да биде ратификуван од Европскиот парламент со што ќе почне и негова првична примена. Потоа во рок од две години треба да биде ратификуван од 28-те национални парламенти во ЕУ.

СЕТА предвидува укинување на царинските тарифи за речиси сите производи. Исклучок се некои земјоделски производи, и увоз на говедско и свинско месо од Канада во ЕУ. Според западни медиуми, договорот заедно со придружните елементи изгледа однадвор како книга дебела половина метар.


Слично

Поврзани вести