Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ и додели 3 милијарди евра на Турција за бегалците

ЕУ и додели 3 милијарди евра на Турција за бегалците

Лидерите на Европската унија постигнаа согласност за доделување на 3 милијарди евра помош за Турција, за да може земјата да се справи со бегалскиот бран, соопштува „Волстрит џурнал“. На крајот на самитот во Малта, европските лидери изјавија дека се подготвени да и ја доделат на Турција оваа сума во наредните 2 години.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјавил дека „парите треба да им помогнат на сириските бегалци во Турција“. Јункер изјавил дека во оваа фаза се предвидени 500 милиони долари од буџетот на Централна Европа, но и призна дека сеуште треба да се разјаснат деталите за тоа како ќе бидат собрани останатите 2,5 милијарди евра од буџетите на останатите земји-членки.

„Земјите членки ќе треба за две години да ги соберат останатите 2,5 милијарди евра. Тоа е тешко, но треба да се обезбеди потребната сума од 3 милијарди“, додал Јункер.

На средбата беше донесена одлука и за посебниот самит помеѓу лидерите на ЕУ и претседателот на Турција Реџеп Ердоган. Според претседателот на Европскиот совет Доналд Туск 99% е сигурно дека оваа средба ќе се одржи на крајот на ноември.

Слично

Поврзани вести