Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ и даде рок на Грција да се справи со приливот од мигранти

ЕУ и даде рок на Грција да се справи со приливот од мигранти

Европската унија (ЕУ) и постави ултиматум на Грција, давајќи и 'рок од три месеци, за да се справи со „сериозните пропусти“ во управувањето со приливот од мигранти на морската граница со Турција - ситуација која според ЕУ го изложува на опасност Шенгенскиот простор, пренесе АФП.

По предлог на Европската комисија (ЕК) одлуката е донесена на состанок во Брисел на министрите за финансии на ЕУ, соопштија европски извори.

Ако препораките на ЕК, не бидат исполнети, Комисијата може да предложи повторно воведување на проверките на границите внатре во Шенген зоната.

Тоа би било невидена мерка, коментира АФП.

Во почетокот на месецот внатрешен извештај на ЕУ, дел од кој беше објавен во весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, објави дека грчките власти дозволиле груби прекршувања на правилата за заштита на надворешните граници на ЕУ при проверката и регистрација на мигранти.

Слично

Поврзани вести