ЕУ го скрои извештајот: Разни прогнози – Ќе добие ли Македонија силен шамар?
Петти ноември е датумот на кој Македонија или ќе ја огрее сонце или ќе и се затворат вратите кон ЕУ,
Европската унија најверојатно за пет дена ќе го соопшти новиот извештај за напредок на земјава.
Засега прогнозите се различни. Она што го пренесуваат дел од медиумите е дека Македонија ќе добие условна препорака поради политичката криза.
Како што соопшти Нова условот ќе биде имплементација на договорот од Пржино, а можно е и да добиеме нов извештај токму за овој договор во текот на првата половина од следната година.
„Извештајот за напредокот на Македонија на патот кон ЕУ е веќе напишан. Во него нема да има многу изненадувања освен можеби еден вид нова методологија која Европската комисија (ЕК) ќе ја воведе годинава. Според овој начин на известување, извештајот треба да стане полесен за читање а ќе се воведат споредби помеѓу земјите кандидати за членство па секој од нашиот регион ќе може лесно да види каква е неговата ситуација во некоја област во споредба со истата област во друга земја од регионот“, објави вчера „Нова ТВ“, повикувајќи се на неименувани извори, .
Според извори на гореспомнатиот медиум - на масата би можело да се најде и змарзнување на препораката, но овој случај засега е отфрлен бидејќи уште повеќе би ја влошило политичката криза која би експлодирала со меѓупартиски обвинувања.
Експерти оценуваат дека условната препорака е најдобра варијатна бидејќи би бил ефикасен инструмет за држење на состојбите под контрола.
Во десегашните апели на ЕК и Брисел, во текот на преговорите, амбасадорите и меѓународните олеснувачи упатуваа пораки до политичките лидери и нивните преговарачки тимови да најдат консензус и да го исполнат целосно договорот од Пржино со цел земјава да добие позитивен извештај .
Дали политичарите ќе ги слушнат апелите и ќе ги имплементираа засега останува неизвесно.
