Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ го предупреди Косово за заштитата на ОВК од судски процеси

ЕУ го предупреди Косово за заштитата на ОВК од судски процеси

Канцеларијата на ЕУ во Приштина и Мисијата на Унијата во Косово ЕУЛЕКС во заедничко соопштение по повод усвојувањето на Резолуцијата за „заштита на вредностите на борбата на Ослободителната војска на Косово (ОВК)", од страна на косовското Собрание, денеска наведоа дека „членовите на Парламентот треба да се воздржат од непочитување на судските одлуки".

- Во демократијата, Парламентот е место за политички дебати за главните прашања од народен интерес.

Оваа дебата сепак мора секогаш да го почитува одделувањето на правосудните, извршните и законодавните овластувања, што е основа на демократијата, се наведува во соопштението.

Канцеларијата на ЕУ и ЕУЛЕКС истакнуваат дека „придржувањето на принципот на владеење на правото бара безусловно почитување на судските одлуки и раздвојување на овластувањата".

Косовскиот парламент ја изгласа Резолуцијата за заштита на вредностите на припадниците на ОВК со која тие практично добиваат целосен имунитет од кривични гонења и судски процеси.

Слично

Поврзани вести