Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ го обвини „Газпром“ за нелојална конкуренција

ЕУ го обвини „Газпром“ за нелојална конкуренција

Европската комисија поднесе официјално обвинение кон рускиот енергетски гигант „Газпром“ за прекршување на правилата за конкуренција во ЕУ. Ова обвинение е по повеќегодишна антимонополната истрага од страна на Брисел. Ако прекршоците бидат докажани, руската компанија може да заработи парична казна до 15 милијарди долари.

Според Европската комисија некои од бизнис практиките на „Газпром“ во централна и источна Европа претставуваат злоупотреба на доминантна положба и прекршување на антимонополнато законодавство на ЕУ.

„Гаспром“ ја злоупотребува својата монополска позиција во 8 земји-членки на ЕУ, изјавил европскиот комесар за конкурентност Маргрете Вестагер, велејќи дека тоа се Естонија, Унгарија, Бугарија, Чешка, Латвија, Литванија, Полска и Словачка.

Од Брисел посочуваат дека „Газпром“ го дели единствениот пазар на гас на ЕУ, ограничувајќи ги клиентите во одредени земји членки да го препродаваат нивниот купен гас. Ова и овозможува на руската компанија да воведе повисоки цени во овие земји, меѓу кои е и Бугарија.

„Можно е „Газпром“ да ја користи својата доминантна пазарна положба, испораките на гас за Бугарија и Полска во зависност од приемот на неповрзани обврски од страна на трговците на големо во однос на инфраструктурата за пренос на гас. Така на пример испораките на гас биле поставени во зависност од инвестициите во проектот за гасоводот, потпомогнат од „Газпром“, или со согласност на „Газпром“ да ја зајакне својата контрола врз дадениот гасовод“, посочува Еврокомисијата.

„Гаспром“ има 12 недели за одговор на Компанијата може да ги претстави своите аргументи и во усна расправа.

Првата реакција на Москва дојде уште вчера. Оттаму најавија дека европските претензии се неосновани и посочија дека ќе поднесат жалба. Портпаролот на „Гаспром“, Сергеј Купријанов прецизирал дека принципите на цените кај рускиот гигант одговараат на стандардите кои се користат од другите производители и извозници на гас.

Завчера аналитичарите најавија дека обвинувањата на ЕУ против „Газпром“ се поради неговата игра со Грција и преговорите „Турски поток“ да помине низ нејзина територија. На средбата на шефот на „Газпром“ Алексеј Милер и грчкиот премиер Алексис Ципрас во Атина не беше потпишан договор, но според Атина наскоро ќе има меморандум за изградба на гасовод од турската граница во грчка територија кон Централна Европа.

Милер изјавил дека проектот може да биде реализиран од руско-европски конзорциум, а Русија гарантира пренос на 47 милијарди кубни метригас во Грција годишно.

Слично

Поврзани вести