Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ го менува предлогот за санкции против руската нафта

ЕУ го менува предлогот за санкции против руската нафта

ДВА извори од Европската комисија потврдија за Ројтерс дека предлогот за нов пакет санкции против Русија е изменет за да им се овозможи на Унгарија, Словачка и Чешка подолг период на прилагодување на забраната за увоз на руска нафта.

Според новиот, изменет предлог, Унгарија и Словачка би можеле да продолжат да купуваат руска нафта до крајот на 2024 година, а Чешка до јуни истата година, под услов да не обезбеди алтернативен извор преку нафтовод од јужна Европа, потврдија изворите.

Да потсетиме, Словачка и Чешка побараа ослободување од ембаргото на руската нафта, а Унгарија отворено се противи на идејата за воведување забрана за увоз.


Слично

Поврзани вести