Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ: Единаесет држави од еврозоната согласни за данок на финансики трансакции

ЕУ: Единаесет држави од еврозоната согласни за данок на финансики трансакции
Единаесет држави од еврозоната изразиле поддршка за воведување данок на финансиски трансакции, изјави денеска  Комесарот на ЕУ за даночни прашања, Алгирдас Семета.
- Уште четири држави-членки имаат намера да се приклучат на унапредената соработка што значи дека ќе стигнеме до бројката 11, изјави Семета по состанокот со министрите на Италија, Шпанија, Словачка и Естонија кои се за воведување данок, наведуваат извори од Унијата.
За напредок на иницијативата за данок потребна е согласност од девет држави кои потоа би продолжиле со „унапредување на соработката“ иако планот за воведување данок подоцна ќе мора да го одобри и мнозинство членки.
Четирите држави кои изразија поддршка за планот сега треба тоа да го сторат преку писмен пат до ЕК. Досега тоа го сторија Франција, Германија, Австрија, Белгија, Грција, Португалија и Словенија.
Слично

Поврзани вести