Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ дозволи „Газпром“ да доставува гас заобиколувајќи ја Украина

ЕУ дозволи „Газпром“ да доставува гас заобиколувајќи ја Украина

Комисијата за конкуренција на Европската Унија му даде зелено светло на руски „Газпром“ да врши испорака на гас преку Опал цевководот кој оди од Германската страна на Балтичкото море се до Брандов на границата со Чешка со тоа што има поставено лимит на половина од капацитетот.


Ова е многу важна одлука во полза на Русија бидејќи на нафтените компании им се овозможува поврзување на Северниот тек кој сега ја заобиколува Украина поради големиот судир меѓу двете држави, а токму гасоводот и цената на негово користење беше главната причина за конфротации. 

Со договорот „Газпром“ ќе мора да остави простор до 20% од капацитетот на Опал цефководот кој ќе го користи конкурентна компанија. На овој начин ЕУ покажува дека е подготвена на компромис но, не и дека и дава „Божиќен“ поклон на Русија, оценуваат аналитичарите во поглед на прашањето за економските санкции. Всушност со евтиниот руски гас европските фирми и натаму ќе можат да бидат компетитивни, но со малку модифицирани услови. 


Слично

Поврзани вести