Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ децидно: Грција нема право на пари од спасувачки фонд

ЕУ децидно: Грција нема право на пари од спасувачки фонд

Министрите за финансии на еврозоната се сложиле вчера дека Грција нема законско право на 1,2 милијарди евра кои ги вратила во спасувачкиот фонд на еврозоната и за кои тврди дека првобитно ги издвоила од сопствените парични резерви за докапитализација на националните банки.

„Се сложивме дека Грчкиот фонд за финансиска стабилност (HFSF) не го претплатил Европскиот фонд за финансиска стабилност  (EFSF)“, изјавил портпаролот на тој фонд.

Кога новата грчка влада на 20 февруари ја потпишала спогодбата со еврогрупата за четиримесечното продолжување на програмот за финансиска помош на Атина, таа тогаш прифатила на EFSF да му врати 10,9 милијарди евра кои преостанале во рамки на грчкиот фонд за спасување на домашните банки, пишува американски весник.

Грчкиот фонд за финансиска стабилност во перидот помеѓу 2012 и 2014 година, во рамки на меѓународниот пакет на помош за таа земја, примил 48,2 милијарди евра за докапитализација на банката.

Од таа причина , официјална Атина смета дека тие пари треба да бидат вратени, бидејќи не потекнуваат од EFSF.

Со оглед на тоа дека се трка со времето а парични резерви има се помалку, Грција очекува брза исплата за последните рати од 7,2 милијарди евра од меѓународниот пакет помош, за што, меѓутоа, ќе мора до понеделник да ја достави за своите доверители - Европската комисија, Европската централна банка и Меѓунардониот монетарен фонд - листата предложени реформи, потсетува њујоршкиот економски дневник.

Слично

Поврзани вести