Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ даде зелено светло за кандидатурата на Босна

ЕУ даде зелено светло за кандидатурата на Босна

Министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ го одобрија следниот чекор од патот на Босна и Херцеговина кон членство во ЕУ, откако во земјата ќе се спроведат серија реформи побарани од 28-члениот блок, пренесува „Radio Free Europe“.

Минатиот месец босанските политички лидери дозволија долготрајни разлики поради предложениот договор за стабилизација и асоцијација со Брисел, со што отворија можност за земјата официјално да поднесе кандидатура за членство по години поминати во ќор-сокак.

Босна и Херцеговина е единствената земја од Западен Балкан која се уште не поднела официјална апликација за статус на кандидат-членка во ЕУ.

28-те министри за надворешни работи од ЕУ се изјасниле дека договорот за стабилизација и асоцијација со Брисел веќе може да биде потпишан, но ја предупредија балканската земја дека ќе мора да ги исполни обврските и да ги исполни реформите на ЕУ за човековите права, демократијата како и политичките и економските слободи ако сака да се приклучи на блокот.

Во изјавата на министрите се вели дека за да биде разгледана кандидатурата на Босна и Херцеговина за членство, ќе биде потребен значителен напредок во исполнувањето на реформите.

Слично

Поврзани вести