Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО: До 2029 година, дигиталното евро ќе стане реалност

ЕУ ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО: До 2029 година, дигиталното евро ќе стане реалност

Европскиот парламент даде зелено светло за воведување на дигиталното евро, нова електронска валута која би можела да стане реалност до 2029 година. Целта е ЕУ да ја зајакне својата финансиска независност и да ја намали зависноста од американските платежни системи како Visa и Mastercard, кои доминираат во голем дел од трансакциите во еврозоната.

Дигиталното евро ќе биде електронска форма на пари издадена и гарантирана од Европската централна банка и ќе функционира како дополнителна опција за плаќање, покрај банкнотите, монетите и банкарските сметки. Граѓаните ќе можат да ги чуваат своите дигитални евра во посебен дигитален паричник, со ограничување на максималниот износ, а системот ќе овозможува и онлајн и офлајн плаќања.

Една од клучните карактеристики на новата валута е приватноста – Европската централна банка нема да може директно да ги идентификува корисниците според нивните плаќања. Трговците, пак, ќе плаќаат пониски провизии отколку за класичните картични трансакции.

Податоците покажуваат дека Visa и Mastercard учествуваат во над 60% од картичните плаќања во еврозоната и речиси целосно доминираат во прекуграничните трансакции, што го прави дигиталното евро клучен чекор кон финансиски суверенитет на Европа.

Во јули се очекува Европскиот парламент формално да го потврди ставот на комитетот, а потоа да започнат преговорите со сите 27 земји-членки на ЕУ. Ако процесот се одвива според планот, конечниот договор би можел да биде постигнат до крајот на годината.

Паралелно, други големи економии исто така развиваат свои дигитални валути – Кина го тестира дигиталниот јуан, а Русија најави дигитална рубља која ќе биде пуштена во употреба во текот на оваа година.

 Истовремено, Европската Унија го блокираше обидот за дигитална монета на Бугарија поради прашање со „бугарската азбука“.


Слично

Поврзани вести