ЕУ бара враќање на либерализацијата на пазарот на струја во Македонија
Вчера Секретаријатот на енергетската заедница на ЕУ поднесе образложено мислење за нареднот чекор во случајот за решавање на спорови против Македонија за нејзиното одложувње за отварање на пазарот за електрична енергија. Директорот на секретеријатот рекол:
„Одлуката на Македонија да се одложи целосното отворање на пазарот на електрична енергија, и со тоа да им се забрани на потрошувачите да го избираат својот снабдувач е уште едно одбивање на актуелната власт да ги прифатат обврските на земјата во рамките на Договорот за енергетска заедница и следствено на тоа, на законодавството на ЕУ. Овој тренд станува се повидлив и се манифестира преку неколку отворени прекршувања на прописите на Енергетската заедница, вклучувајќи го и непочитувањето на Вториот и Третиот енергетски пакет за правилата во секторот на природен гас при соработката со руските партнери. Актуелните проблеми во енергетскиот сектор ги потенцираат другите проблеми на земјата- растечката политизација во државните институции и драматично нарушената политичка состојба. Тоа што ние го сведочиме е растечка изолација на земјата од меѓународната заедница“.
Во образложеното мислење, понатаму Секретаријатот го повторува својот став дека измените на Законот за енергетика во земјата донесен во октомври 2014 година ги лишува малите бизниси и сите домаќинства од нивното право сами да изберат од кого да купуваат електрична енергија со што ги обврзува да продолжат со купување на електрична енергија од актуелниот монопол.
Одлагањето на целосна либерализација на пазарот до 2020 година претставува сериозно прекршување на Договорот за основање на Енергетската заедница.
Отворениот пазар на електрична енергија е од суштинско значење за постигнување на целите на внатрешниот пазар на енергија. Од земјата сега се бара да се исправат овие прашања на неусогласеност и либерализацијата да се спровде во рок од два месеца.
Владата го оправдува одложувањето на либерализацијата на пазарот преку ризикот од „можно драстично зголемување на цените на електричната енергија за домаќинствата.“ Во реалноста, аргументот поврзан со потенцијални „ценовни шокови“, се чини дека е аргумент наменет за заштита на ликвидноста на актуелниот монопол, отколку заштита на граѓаните од „ценовните шокови“, пишува во соопштението од Секретаријатот на Европската енергетска заедница.
