ЕУ бара итно усвојување на Законот за кривична постапка во оваа балканска земја
Оваа година претставува единствена шанса за БиХ да ја зајакне својата поврзаност со ЕУ и регионот и да се приближи до стандардите на ЕУ, а не да се одалечува од нив, соопштуваат од Европската унија и од таму ги повикуваат Парламентарното собрание на БиХ и политичките партии итно да ги усвојат измените на Законот за кривична постапка, согласно меѓународните стандарди и барањето на Уставниот суд на БиХ.
„Тоа ќе биде од клучна важност за способноста на институциите одговорни за владеење на правото да ја зачуваат безбедноста на земјата, да спроведуваат чувствителни истраги и да пружат имунитет на сведоците, а исто така, и да соработуваат со меѓународните агенции за спроведување на законот како што се Интерпол и Европол“, стои меѓудругото во соопштението на Делегацијата на ЕУ во БиХ.
