Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ бара гас од Катар, а Катар поставува услови

ЕУ бара гас од Катар, а Катар поставува услови

Катар ги условува испораките на гас за Eвропската Унија(ЕУ). 

Земјата сака гаранции од ЕУ дека земјите-членки ќе го пренасочат вишокот само во рамките на Унијата, изјави денеска за Ројтерс извор запознаен со разговорите.

Катар, исто така, повика на „решение“ на европската истрага за долгорочните договори од 2018 година, што, според Брисел, може да го блокира слободниот проток на гас во Европа и нејзиниот единствен пазар на гас, изјави извор за Ројтерс.

Освен од САД, ЕУ ќе се обиде да обезбеди испораки на гас од Азербејџан и Катар ако Русија да одлучи да ги намали или прекине испораките. 

Додека Вашингтон и Брисел апелираат до снабдувачите на енергија ширум светот да ветат дека ќе и дадат на Европската унија значителни количини гас во случај на воено засилување околу Украина и прекин на испраката, италијанскиот деловен весник „Il sole 24 ore“ пишува дека САД и Русија се подготвуваат за безмилосна  војна за гас.

Слично

Поврзани вести