ЕУ: Банкарските сметки на политичарите ќе бидат под поголема контрола
Четвртата директива на Европската унија за перење пари, која е во завршна фаза на усвојување во институциите на ЕУ и би требало да стапи на сила после две години после усвојувањето, ќе овозможи подобра контрола на банкарските сметки на политичарите.
Досега, според европските прописи, беше законски можно да се проверуваат банкарските сметки на „политички истакнатите лица“ од третите земји надвор од Европската унија (најчесто од Африка), но по новиот предлог на директивата тоа ќе биде можно и за политички истакнатите личности од државите членки на ЕУ.
Тие личности во предлогот на директивата се дефинираат како оние „на кои државите членки им довериле важни јавни должности“.
Слично
