ЕУ: Ако се прислушувале дипломати значи се прекршила Виенската конвенција
Делегацијата на Европската Унија во Скопје испрати реакција во која изразува длабока загриженост, откако опозицискиот лидер Заев објави дека шест странски амбасадори биле мета на прислушување.
,, Ако дипломатската коресподенција била пресретнувана, тоа претставува прекршување на одредбите на Виенската конвенција од страна на земјата домаќин. Ова треба да биде испитано од истражните власти на транспарентен и независен начин. “- се вели во реакцијата.
Регираа и од Британската амбасада од каде повикаа македонската Влада и институциите целосно да ги истражат овие наводи и да се почитуваат принципите на владеењето на правото.
,,Не коментираме на прашања во однос на нашите приватни разговори. Сепак, има сериозни тврдења за злоупотреба на моќ, криминални дејства и степен на влијание на македонските тајни служби во политиката, медиумите, судството и други аспекти на секојдневниот живот. Во таа насока Обединетото Кралство ја повикува македонската Влада и институции целосно да ги истражат овие наводи и да се почитуваат принципите на владеење на правото.” - укажуваат од британската амбасада.
Опозицискиот лидер Заев, вчера рече дека биле прислушувани шест амбасадори на највлијателните држави, но не откри повеќе детали, бидејќи како што рече, прво нив ќе ги извести.
Слично
