ЕЦБ разгледува модели за спас на еврозоната!
Европската централна банка на Управниот одбор му претставила модели за најавениот програм за откуп на државни обврзници, во настојување да ја спасат еврозоната од дефлација.
Како што јавува њујоршката агенција Блумберг, членовите на ЕЦБ на овонеделниот состанок на Управниот одбор претставиле серија потенцијални сценарија за купување на суверени обврзници на земјите членки во вредност до 500 милијарди евра.
По завршувањето на состанокот, членовите на УО меѓутоа не донеле никаква одлука за дизајнот и имплементацијата на било какви пакети, соопштиле неименувани извори кои присуствувале на состанокот.
Како што потсетува Блумберг, УП на ЕЦБ неодамна повика останатите вработени да изработат потенцијално сценарио за лансирање на програмот т.н квантитативно олабавување, со цел да се спречи пад на еврозоната во дефлација, континуиран пад на цените.
