Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕЦБ подготвена да одобри нови итни кредити за грчките банки?

ЕЦБ подготвена да одобри нови итни кредити за грчките банки?

Европската централна банка е подготвена да им одобри итни кредити на грчките банки до 60 милијарди евра, рекол еден извор близок до таа банка. Тој извор го потврдува претходното пишување на германскиот дневник Велт  (Die Welt).

ЕЦБ претходно одлучи да им  скрати на грчките комерцијални банки еден канал на финансирање со тоа што престанала грчките државни обврзници да ги прима како гаранција за кредитите на банките. Со тој потег за грчките банки пристапот до пари станал поскап.

Меѓутоа советот на гувернери на ЕЦБ го задржал механизмот по кој грчките банки можат да добијат итни средства за финансирање во рамки на планот наречен ЕЛА  (Emergency Liquidity Aasistance). Тоа е и последната можност за грчките банки.

Бидејќи прво и испратила политички сигнал на Атина скратувајќи и ја единствената можност за финансирање, ЕЦБ со овој механизам осигурува дека грчкиот банкарски систем нема да пресуши во наредните недели.

-ЕЦБ секако не сака да ја превземе одговорноста за бркање на Грција надвор од еврозоната со тоа што ќе и го скрати секој извор на финансирање - рекол за агенцијата Франс прес Дарио Паркинс, економист во компанијата „Lobard Street Research“.

Во интервју за еден економски дневник објавен денеска, претседателот на германската централна банка Бундесбанк, Јенс Видман, изразил надеж дека ќе бидат применети многу строги критериуми при одобрување на кредити по механизмот на ЕЛА.

Грчкиот весник „Катимерини“ пишува дека каматните стапки за кредити по овој механизам се повисоки отколку во другите видови финансирања од Европската централна банка. Според тој весник каматната стапка е 1,55 одсто, додека за редовно финансирање е 0,05 одсто.

Слично

Поврзани вести