Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕЦБ печати пари, приносите паѓаат

ЕЦБ печати пари, приносите паѓаат

Приносите на германските, италијанските, и шпанските 10-годишни хартии од вредност паднаа денеска на нов историски минимум.

Еден ден откако Европската централна банка ја започна големата програма за купување на државни обврзници со цел да се стимулира инфлацијата во еврозоната од 19 членки на еврозоната, каматната стапка на 10-годишните германски обврзници падна на 0,279 одсто од вчерашните 0,312 проценти .

Приносите на 10-годишните италијански хартии од вредност паднаа на 1,220 одсто од претходните 1,280 одсто , додека каматата на шпанските државни обврзници падна на 1.231 проценти од 1,275 отсто претходно, пренесува АФП.

Грчките хартии од вредност, сепак, не евидентирале пад на приносите, како резултат на новата загриженост во поглед на финансиите на земјата, но, и бидејќи тие не се вклучени во програмата на квантитативно олабавување.

ЕЦБ вчера започна програма за т.н. „квантитативно олабавување (QE)“, во рамките на кои оваа институција ќе купува корпоративни и владини обврзници од членките на еврозоната, во вредност од 60 милијарди евра месечно.

Слично

Поврзани вести