Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕЦБ одобри план за продолжување со работата на Атинската берза

ЕЦБ одобри план за продолжување со работата на Атинската берза

Европската централна банка (ЕЦБ) одобрила план за продолжување на работата на берзата во Атина, соопшти „Ројтерс“ а информирал претставник на Атинската берза.

Според него, сепак, ќе бидат наметнати ограничувања за трговијата на локалните инвеститори по едномесечното принудно запирање на работата на грчкиот пазар.

Трговијата во Атина ќе биде возобновена, откако грчкото Министерство за финансии издало налог до министерскиот декрет за ова прашање, додал вработениот во берзата, и не е исклучена трговијата да биде обновена уште утре (среда).

ЕЦБ го даде своето одобрување и го одобри планот, кој предвидува ограничувања за грчките инвеститори, изјавил неименуван вработен на Атинската берза за агенција „Ројтерс“.

Агенција „Блумберг“ исто така, објави дека ЕЦБ  дала „зелено светло“ за обнова на трговијата на „Athens Stock Exchange“ (ASE).

Берзата во Атина останува затворена од 29-ти јуни наваму, и на тој датум главниот берзански индекс „Athex Composite index“ беше со 16% под неговиот врв за оваа година, достигнат во февруари.

Слично

Поврзани вести