ЕЦБ: Невозможно е да го отпишеме долгот на Грција
Европската централна банка (ЕЦБ) не може да учествува во отпис на долг кон Грција, изјави член на извршниот одбор на институцијата Беноа Кур.
„Европската централна банка не треба да одлучи дали на Грција и е потребен отпис на долг, но апсолутно е јасно дека не можеме на се согласиме на отпис на побарувања по основ на грчките обврзници кои се во сопственост на банката. Тоа невозможно поради правни причини“, вели Кур во интервјуто што го пренесува Франс прес.
ЕЦБ во периодот на должничката криза купи големи количини на грчки хартии од вредност и некои од нив сѐ уште се во нејзиното портфолио.
Отписот на долгот, според Франс прес, би значел монетарно финансирање, односно печатење на пари за спас на држава од долг, што според статутот на ЕЦБ е сторо забрането.
Слично
