ЕЦБ не дозволува отворање на грчката берза без ограничувања
Европската централна банка го отфрли барањето на грчката централна банка и на грчката комисија за пазарите на капитал за отворањето на Атинската берза без капитални ограничувања за грчките инвеститори, кои сега не можат да ги користат достапните сметки за купување на акции, соопштува „Имерисија“.
Отворањето на берзата без ограничувања за барем уште една недела, а потоа повторно ќе биде прифатена ситуацијата пред да се донесе конечна одлука.
„ЕЦБ“ е загрижена ако берза ги отвори вратите без ограничувања, тоа ќе доведе до одлив на значителен капитал од банкарските депозити кон берзата. Некои претставници предупредуваат дека капиталната контрола во Грција може да трае со месеци, додека во земјата влезат повторно „свежи пари“ од Европа.
Капиталните ограничувања можат да бидат елиминирани, кога банките ќе бидат доволно капитализирани, смета шефот на Бундесбанк, Јенс Ваидман.
Грчки високи претставници сепак се особено загрижени од падот на економијата и инсистираат итно да бидат деблокира капиталот од банките.
