Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕЦБ: Грција да ги заборави „лажните ветувања“ на СИРИЗА!

ЕЦБ: Грција да ги заборави „лажните ветувања“ на СИРИЗА!

Грција треба да сфати дека нема друг пат освен реформите, изјавил членот на Управниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ) Лук Коен во интервју објавено денеска , цитираат од агенциите.

Тој додал дека владејачката левичарска партија СИРИЗА им дала на Грците "лажни ветувања".

Коен, кој е гувернер на белгиската централна банка, рекол дека животот надвор од еврозоната ќе биде далеку полош за грчкиот народ, и предупредил дека ако Атина сака да биде финансирана од еврозоната, ЕЦБ и Меѓународниот монетарен фонд, таа мора да ги почитува правилата .

„Не верувам дека има друг начин. СИРИЗА даде ветувања кои не може да го испочитува“, рече Коен во интервјуто за белгискиот весник „Тиид“, пренесено од агенција „Ројтерс“.

Како и неговите колеги од еврозоната, Коен изјавил дека реформите се единствениот пат за Грција.

„Кажете ми откаде ќе дојдат парите, ако Грција не сака реформи и не сака да го плаќа долгот на другите европски земји“, истакна Коен.

Грците гласаа во јануари за Алексис Ципрас, лидер на  СИРИЗА, поради неговите ветувања да го преговара договорот за меѓународна спасувачка помош, чии услови според многумина Грци ја насочуваат земјата во економски застој.

Според лидерите на ЕУ, меѓутоа перспективите на Грција се подобриле многу од 2010 година, кога земјата едвај избегна банкрот, и тие инсистираат Атина да продолжи со процесот на реформи.

„Ако Грците ја напуштат еврозоната, тоа ќе биде десет пати полошо за нив. Десет пати“, рекол Коен.

Министрите за финансии од еврозоната ќе разговараат за грчките реформи на состанокот во Брисел во понеделникот.

Слично

Поврзани вести