Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Етнос“ пишува за три имиња кои ги предложил Нимиц

„Етнос“ пишува за три имиња кои ги предложил Нимиц

Грчкиот весник „Етнос” денеска објави дека медијаторот Метју Нимиц на преговарачка маса ги дал следниве предлози: „Нова Македонија”, „Горна Македонија” и „Северна Македонија”.

Портпаролот на грчката Влада,  Димитрис Цанакопулос информираше дека официјална Атина ќе стори сé за да се реши спорот без да се загрозат грчките националните интереси и на крајот двете страни да излезат победници.

„Преговорите не се фудбалски натпревар за да има победници и губитници. Ние сакаме решение од кое сите ќе бидат победници. Општата рамка на Владата е да се најде сложено име за севкупна употреба за да се стави крај на 25 годишниот спор“ – изјави Цанакопулос. 

Од Владата само соопштија дека активно се создаваат услови за да се придвижи процесот, а резултатот ќе зависи од подготвеноста на двете страни за компромис, земајќи ги во предвид разликите. Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска најави дека в понеделник Владата ќе се состане да ја разгледа рамката и да се изгради заеднички став.

Сепак, денеска во Скопје, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека нема план Б и дека Македонија мора да го реши спорот со  името за да влезе во Алијансата. Прием под референцата не е можен. 

Слично

Поврзани вести