ЕТНОС: Грчкото Министерство за одбрана превзема превентивни мерки на северната граница
Грчкиот весник Етнос пишува дека грчкото Министерство за одбрана превзема превентивни мерки поради политичката криза во Македонија.
Армиската воздушна единица, која лани одржа вежба во близина на границата со Македонија, добила наредба да биде подготвена за брзо префрлање на специјалци и оклопни возила, наведува весникот.
Во текстот се додава дека и граничната полиција и царината ќе ги засилат контролите на сите гранични премини.
Грчки аналитичари коментираат дека овие мерки се претерана реакција и се повеќе за внатрешна употреба и собирање политички поени на грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос.
Слично
