Економија, финансии, бизнис

Контакт

Етиоптија, Судан, Сомалија - кои други земји ќе добијат украинско жито?

Етиоптија, Судан, Сомалија - кои други земји ќе добијат украинско жито?

Украина најави помош во вредност од 150 милиони долари за земјите во Африка погодени од глад и суша. Еден брод, финансиран од Германија, веќе заминал за Етиопија, а следните три би требало да завршат во Судан, Сомалија и Јемен.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави помош, која ја собраа за време на самитот „Жито од Украина“ во Киев, за земјите најпогодени од глад и суша.

„До 60 украински бродови со житарки ќе бидат испратени до средината на следната година во некои од најсиромашните земји во светот во Африка“, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Целта на програмата „Жито од Украина“ е земјите учеснички во проектот да купуваат земјоделски производи од украински производители – при што приоритет имаат малите и средни претпријатија – и да ги транспортираат во земјите на кои им се заканува прехранбена криза. Американската Агенција за меѓународен развој (USAID) веќе се согласила да обезбеди до 20 милиони долари преку Светската програма за храна на Обединетите нации. Откако почна руската инвазија на Украина, украинските власти обвинуваа дека Русија го краде нивното жито. Војната почна на 24 февруари. 

foto freepik.com-kotkoa

Слично

Поврзани вести