Економија, финансии, бизнис

Контакт

Etihad со огромна годишна загуба од 1,9 милијарди долари

Etihad со огромна годишна загуба од 1,9 милијарди долари

Арапскиот авио-гигант Etihad со седиште во Абу Даби ќе ја памети 2016 како една од најлошите години бидејќи забележа годишна загуба од неверојатни 1.9 милијарда долари. Според финансиските извештаи на Etihad се бележи и пад на приходите кои од 9 милијарди во 2015 година, лани стигнале до 8,4 милијарди долари.

Главната причина за огромната годишна загуба од Etihad го објаснуваат со неопходноста за отпишување на вредноста на голем број на категории на летала. Удел има и добивката од складирање на нафта, како и падот на вредноста нивниот партнер Алиталија во висина од 808 милиони долари во 2016 година кои прогласија банкрот.

Пад се бележи како во профитабилноста со патничкиот, така и со товарниот авио транспорт. Повеќето од авио компаниите од Персискиот залив бележат многу лоша година, но Etihad е убедливо во најлоша положба од нив, дури и од Emirates кои пријавија пад на профитот по цели 5 години.


Слично

Поврзани вести